Велика Британија испитува комбинација на вакцини од два различни производители

пред 6 месеци

Во Велика Британија се испитува комбинација од вакцини од два различни производители. Ако таквиот пристап биде успешен, тоа ќе значи дека едно лице може да прими две дози од две различни вакцини против коронавирус.

Целта е да се обезбеди поголема флексибилност при воведување на вакцини и да се помогне во решавање на какви било потенцијални нарушувања при доставувањето, пишува „Би-би-си“.

Научниците исто така истакнаа дека овој нов пристап може да значи и подобра заштита отколку вакцинација со иста вакцина во две дози.

Тие исто така посочија дека оние лица кои не учествуваат во ваков вид испитувања, а веќе ја примиле првата доза вакцина на „Фајзер“ или „Астра зенека“, истата ќе ја примат и во втората.

Студијата Ком-Ков, спроведена од Националниот конзорциум за проценка на распоредот за имунизација, ќе вклучи повеќе од 800 волонтери над 50-годишна возраст во Англија.

Тоа значи дека тие ќе примаат една доза вакцина на „Астра зенека“ и друга доза на „Фајзер“ и обратно со разлика од четири или 12 недели.

Испитувањето ќе трае 13 месеци, по што научниците очекуваат да објават првични откритија до јуни годинава. Исто така, ќе обезбеди информации за влијанието на вакцината врз новите варијанти и ефектите од втората доза по четири или 12 недели.

Share

AnimeFreak animefreak my hero academia: Watch The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 9 (https://animefreak.ws/m/Rv2e/ep-9)

WCOStream wcostream one piece: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) Episode 10 (https://wcostream.cc/m/DyBj/ep-10)

Scroll to Top