Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Иран ќе им дозволи на меѓународните нуклеарни инспектори повторно да влезат во земјата како дел од рамковниот договор постигнат со САД.
Според Венс, договорот предвидува соработка меѓу Меѓународната агенција за атомска енергија, САД и Иран за демонтажа на иранските залихи на високо збогатен ураниум. Тој додаде дека текстот на договорот ќе биде објавен по неговото потпишување, кое е планирано за во петок.
Венс изјави и дека во иранското политичко и воено раководство се забележуваат знаци на промени, додавајќи дека дури и во Исламската револуционерна гарда има гласови кои сметаат дека досегашниот однос кон САД бил погрешен и дека е потребен нов пристап.
Текстот Венс: И во Револуционерната гарда признаваат дека е потребен нов пристап е превземен од МАКФАКС.





