(Видео) Албанската полиција со солзавец и водени топови ги растера демонстрантите во Тирана

(Видео) Албанската полиција со солзавец и водени топови ги растера демонстрантите во Тирана

пред 4 часа

Албанската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера антивладините демонстранти пред парламентот во Тирана, откако тие фрлаа јајца и брашно кон полицајците и пратениците.

Според албанските медиуми, во судирите се повредени тројца полицајци и еден демонстрант.

$bp(“TargetVideo_83001738”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”2718209″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Протестите започнаа пред повеќе од еден месец поради планираната изградба на луксузен туристички комплекс, а во меѓувреме прераснаа во поширок бран незадоволство поради корупцијата и градежните проекти долж албанското крајбрежје.

Албанскиот премиер Еди Рама на социјалната мрежа Икс порача дека мирниот протест прераснал во „стар филм на судири, поделби и насилство“. Организаторите најавија нов протест за в сабота.

Текстот (Видео) Албанската полиција со солзавец и водени топови ги растера демонстрантите во Тирана е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top