(Видео) Апел на командантот на маринците во „Азовстал“: Имаме 600 ранети, снемува храна и вода

пред 4 години

Командантот на украинските маринци во опколената фабрика за челик „Азовстал“ во Мариупол објави видео со очајнички апел за помош.

$bp(“Brid_51072288”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”1001414″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Серхиј Волина, вршител на должноста командант на маринците во „Азовстал“, рече дека има повеќе од 600 ранети борци и цивили во фабриката за челик. Тој вели дека нема лекови или услови за третман на ранетите, додавајќи дека стотици цивили живеат во ужасни услови и дека им снемува храна и вода.

Тој бара веднаш да се евакуираат борците и цивилите од „Азовстал“.

Share
Scroll to Top