(Видео) Астронаутите кои поминаа месеци на Меѓународната вселенска станица слетаа во морето, опкружени со делфини

(Видео) Астронаутите кои поминаа месеци на Меѓународната вселенска станица слетаа во морето, опкружени со делфини

пред 6 месеци

По успешно слетување во морето, вселенското летало „Драгон“ било опкружено со група делфини, јавува Би-би-си.

Астронаутите на НАСА, Суни Вилијамс и Буч Вилмор, се спуштија во морето во близина на Талахаси, Флорида, по девет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица. Со нив слетале и астронаутот на НАСА Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов.

Неколку минути по слетувањето, делфините пливаа околу леталото. Коментаторите на НАСА се пошегуваа дека се почесни членови на спасувачкиот тим.

Текстот (Видео) Астронаутите кои поминаа месеци на Меѓународната вселенска станица слетаа во морето, опкружени со делфини е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top