(Видео) Бангкок прогласен за зона на катастрофа – улиците под вода, сообраќајот запрен, училиштата затворени

(Видео) Бангкок прогласен за зона на катастрофа – улиците под вода, сообраќајот запрен, училиштата затворени

пред 2 часа

Бангкок е под вода по обилните дождови, а гувернерот на главниот град прогласи зона на катастрофа во сите 50 окрузи на поширокото подрачје на метрополата.

Главните сообраќајници се поплавени, автомобилите се заглавени во вода, а на места водата им достигнува до половина на телото на жителите кои се обидуваат да се пробијат низ улиците.

Во последните 48 часа паднале речиси 300 милиметри дожд, а метеоролозите за викендот најавуваат нови силни врнежи и грмежи.

Гувернерот Чадчарт Ситипунт предупреди дека ситуацијата претставува ризик за човечки животи и може да предизвика голема материјална штета, особено во областите околу каналите.

Властите веќе организираат помош. Армијата поставува привремени засолништа и теренски кујни, а храмови и училишта се претвораат во места за згрижување на населението.

Жителите кои живеат покрај каналите се повикуваат да ги преместат своите работи на повисоки места, а граѓаните да избегнуваат патувања кои не се неопходни.

Поплавите веќе го парализираа сообраќајот во голем дел од градот. Вработените во јавниот сектор во понеделник и вторник ќе работат од дома, додека училиштата ќе останат затворени.

Аеродромот „Суварнабхуми“ засега работи нормално, но туристичките власти ги предупредуваат патниците да тргнат најмалку два до три часа порано поради отежнатиот сообраќај.

Во меѓувреме, жителите прават залихи од храна и основни намирници, а пред супермаркетите се создаваат гужви.

За време на викендот се очекуваат нови обилни врнежи, што дополнително може да ја влоши состојбата во градот.

Текстот (Видео) Бангкок прогласен за зона на катастрофа – улиците под вода, сообраќајот запрен, училиштата затворени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top