(Видео) Бајден погрешно го изговори презимето на Путин за време на говорот за Русија

пред 4 години

Американскиот претседател Џо Бајден погрешно го изговори презимето на рускиот претседател Владимир Путин за време на говорот за политиката на Вашингтон кон Москва.

Тој го изговори презимето на рускиот претседател „Клутин“.

„Му објаснив на претседателот Клутин – Путин – дека САД се непоколебливи во давањето поддршка на нашите сојузници и партнери во Европа“, се наведува во соопштението на Белата куќа во која е цитиран Бајден.

Покрај тоа, претседателот на САД речиси рече „вакцинација“ наместо „ескалација“, додека зборуваше за односите со Русија, објави ТАСС.

„САД не сакаат да започнат вакцинирање … ескалација и конфликт со Русија. Ние сакаме стабилна и предвидлива врска“, рече Бајден.

Американскиот претседател Бајден рече дека му предложил на неговиот руски колега Владимир Путин да одржат состанок ова лето во Европа.

Share
Scroll to Top