(Видео) Бескрајни колони од луѓе доаѓаат од сите страни кон Собранието на Србија

(Видео) Бескрајни колони од луѓе доаѓаат од сите страни кон Собранието на Србија

пред 1 година

Илјадници граѓани кои денеска се собраа на четири локации во Белград, пристигнуваат во центарот на градот, каде за 16 часот имаат закажано протест пред Народното Собрание. Сообраќајот е во прекин околу Народното собрание на Србија и Славија, како и на другите улици во центарот на градот, околу Автокоманда.

Зградите на српскиот парламент и на белградското собрание се опколени со метална ограда, а околу нив се распоредени силни полициски сили. Пред Собранието има моторџии, а од другата страна на плоштадот Никола Пашиќ има трактори кои го опкружуваат кампот на ученици кои сакаат да посетуваат настава и кои се во шатори во Паркот на Пионерите.

Текстот (Видео) Бескрајни колони од луѓе доаѓаат од сите страни кон Собранието на Србија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top