(Видео) Британска тинејџерка загина во експлозија на брод во Доминиканската Република

(Видео) Британска тинејџерка загина во експлозија на брод во Доминиканската Република

пред 4 часа

16-годишната британска тинејџерка Аби Лејнтон загина во експлозија на туристички брод за време на семеен одмор во Доминиканската Република. Несреќата се случила на 27 јули, а на бродот имало уште околу триесет патници со семејството Лејнтон од Свиндон. Аби починала во болница од тешки изгореници три дена подоцна, додека нејзината сестра Карли и брат Бредли исто така биле повредени и сè уште се на лекување, објавува „Телеграф“.

Детали за несреќата и истрагата
Бродот враќал туристи од патување до островот Саона, кој е дел од Националниот парк Котубанама, во пристаништето Бајахибе. Властите соопштија дека во несреќата се повредени 24 лица, од кои 11 се хоспитализирани со изгореници. Причината за пожарот сè уште не е утврдена и истрагата е во тек.

Службеник од Доминиканската Република потврди дека станува збор за трагична несреќа на море.

„Девојчето и нејзините повредени брат и сестра биле веднаш префрлени во болницата во Ла Романа, но за жал таа не преживеа. Починала и покрај напорите на медицинскиот персонал. Нејзините брат и сестра останува под болничко лекување“, рече тој.

Сведоштво на патник
Навин Торес (35), патник кој претрпел изгореници од прв степен во експлозијата, раскажа за „Сан“ што се случило. Тој рече дека патниците слушнале гласен шум, сличен на истрел, додека бродот нагло забрзувал, по што следела експлозија.

„Предниот дел од бродот експлодирал. Ми требаа неколку секунди да сфатам што се случува, а огнот почна да се шири кон мене и мојата сопруга“, додаде Торес.

Текстот (Видео) Британска тинејџерка загина во експлозија на брод во Доминиканската Република е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top