(Видео) Веселинов за протестите пред ВМРО во Софија: Тое се струи кои ја поддржуваат македонштината како идеологија

пред 6 месеци

Искрен Веселинов, заменик претседател на бугарското ВМРО, коментирајќи за протестите пред седиштето на ВМРО во Софија, во емисијата „Лице в лице“,  рече дека ги оправдува постапките на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој фрли бомба кон демонстрантите за време на тензиите пред седиштето на партијата.

„Џамбаски веројатно бил во состојба на афкет, бидејќи е ненормално некој да оди и да направи ваков вандалски чин, самоволие на бугарштината во Македонија“, додаде Веселинов.

Тој вели дека во протестот се вклучени српско-скопски сили кои сакаат да ја заштитат македонската позиција.

На видеото се гледа како ситуацијата ескалира и членови на ВМРО и демонстранти го кршат стаклото од оградата на седиштето, а од поселдниот кат биле фрлани водени балони и пиротехнички средства.

Според него не е случајно присуството на протестот и на Волен Сидеров и рече дека има вмешаност на политчки струи од надвор.

„Тоа се струи и сили кои го поддржуваат македонизмот како идеологија, измислен во Москва“, рече Веселинов.

Група граѓани се појавија пред седиштето на ВМРО да протестираат против Владата. Како резултат на тоа, има скршена влезна врата, чад, расфрлани пиротехнички средства, црева, водени балони. Бидејќи ситуацијата ескалираше, интервенираше и бугарската полиција.

Share

4Anime 4anime hunter hunter: My Hero Academia 2 (https://4anime.biz/m/dkR5) Episode 25

AnimeFreak animefreaks website: The Quintessential Quintuplets 2 (https://animefreak.ws/m/dv8g) Episode 12

Scroll to Top