(Видео) Воз излета од шините кај Волгоград, повредени 100-ина луѓе

(Видео) Воз излета од шините кај Волгоград, повредени 100-ина луѓе

пред 2 години

Според првичните информации, 100-ина лица се повредени во железничката несреќа што се случи денеска во близина на Волгоград, во Русија, кога воз се судрил со камион и излетал од шините, пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на „Телеграм канал 112“.

 

Агенцијата ТАСС наведува дека се превртеле осум вагони.

И други руски медиуми јавуваат дека возот излетал од шините и дека се утврдува бројот на повредени.

 

„Интерфакс“ пренесува дека во возот имало и до 1.000 патници.

Текстот (Видео) Воз излета од шините кај Волгоград, повредени 100-ина луѓе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top