(Видео) Германски политичар се смееше за време на посетата на поплавените области, подоцна се извини

пред 3 години

Главниот кандидат за следен канцелар на Германија, Армин Лашет денес се извини за настанот каде може да се види како тој се смее додека претседателот на таа земја, Франк-Валтер Штајнмаер дава изјава за време на посетата на областите тешко погодени од поплави.

Лашет е гувернер на Северна Рајна-Вестфалија, една од двете земји најпогодени од поплавите.

Тој вчера го посети градот Ерфштад со претседателот Штајнмаер.

Додека претседателот даваше изјава за медиумите, Лашет стоеше позади, а на видеото се гледа како тој се смее со другите членови на посетата на делегацијата, што на многумина, заради сериозноста на ситуацијата и моментот, им се чинеше невкусно.

„Жалам за ваквиот впечатокот . Тоа беше несоодветно и жал ми е за тоа. Судбината на погодените лежи во нашите срца “, напиша Лашет на Твитер.

„Начинот на кој Армин Лашет, во моментот кога претседателот им се обраќа на жртвите, се однесува лесно во позадина е непочитување и заслужува осуда“, изјави за „Билд ам Зонтаг“ генералниот секретар на Социјалдемократската партија на Германија, Ларс Клингбејл.

Голема осуда за однесувањето на Лашет за време на неговиот престој во тешко погодениот Ерфштад брзо се појави на социјалните мрежи. Поранешниот претседател на германскиот совет за етика, Питер Даброк, го опиша однесувањето на Лашет како недостаток на почит кон жртвите.

Share
Scroll to Top