Пожар избувна во Рускиот истражувачки институт за одбрана на воздушниот простор во Твер. Најмалку едно лице загина, а 17 се повредени.
Медиумите јавуваат дека од пожарот се урнал дел од покривот. Засега не е позната причината за пожарот.
NOW – Fire at a Russian air-space defense research institute in Tver. At least one dead, 14 injured.
The cause of the fire is unknown at this time.pic.twitter.com/tjsA8R9uAB
— Disclose.tv (@disclosetv) April 21, 2022
На снимката се гледа како густ, црн чад излегува од зградата.
Според командата на гарнизонот, персоналот на институцијата бил евакуиран. Пожарот избувнал во една од собите на вториот кат од управната зграда.
Пожарникарите се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот.