(Видео) Градоначалникот на Њујорк снимен со лопата во рака

(Видео) Градоначалникот на Њујорк снимен со лопата во рака

пред 4 часа

Њујорк, Њу Џерси и Конектикат прогласија вонредна состојба поради голема зимска бура што донесе обилни снежни врнежи во целиот регион. Снегот продолжува да паѓа додека областа се соочува со најлошата снежна бура во последниве години, објави WABC.

Градоначалникот Зохран Мамдани беше виден како им помага на жителите да го расчистат снегот во Бруклин.

„Како што реков, ниедна задача не е преголема, ниту една работа не е премала. Среќен сум што можам да им подадам рака и да им помогнам на жителите на Њујорк. Останете безбедни!“, рече тој на социјалните мрежи.

Мамдани беше снимен како со лопата помага на автомобил заглавен во снегот.

Текстот (Видео) Градоначалникот на Њујорк снимен со лопата во рака е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top