(Видео) Грчка новинарка не издржа и заплака во живо додека разговараше со постар жител на Евија

пред 3 години

Дека новинарската работа е тешка и многу стресна, особено кога станува збор за вонедни ситуации, покажува и случајот на младата грчка новинарка Евлампија Реви, која работи за „Отворена ТВ“ и известува за погодените области од пожар, а која во живо програмата додека разговараше со еден локален жител доживеа емоционален слом.

Евлампија вчера го посети малиот град Галатосон на грчкиот остров Евија. Додека се приближувала до една од куќите, и пришол постар жител на ова мало место и почнал да разговара со неа. Тој објасни дека не спие со денови, бидејќи се обидува да ја заштити својата куќа од пожар. Новинарката постојано бараше од старецот да си замине, бидејќи не можеше да дише од чадот.

Тој ја праша каде да оди и дека ако дојде пожарот, тој нема да се плаши. Човекот објасни дека повеќе се плашел за својата куќа, поради што останал да ја брани ако стигне пожарот.

Новинарката инсистираше да му се каже да ја напушти куќата од безбедносни причини и да замине на сигурно. Евлампија предложи да биде пренесен, доколку не постои можност тој да замине сам. Во еден момент, таа го соблече ранецот и се обиде да ја побара маската, но ја немаше. Тогаш старецот почна да плаче, а заедно со него, заплака и таа и тоа во програмата во живо.

„ Мора да заминете, пристигна наредбата за евакуација“ – рече новинарката.

„ Заминувам утре, одам во Атина“, одговори старецот.

„ Сега треба да си одите“, додаде таа.

„ Како, каде да одам?“ прашува старецот.

„ Дојдете и ние ќе ве однесеме“, рече таа.

Овој момент го следеа голем број грчки граѓани, проследено со лавина коментари за поддршка на младата новинарка.

Евалимпија утрово дозна дека грчката полиција го евакуирала постариот човек и дека тој е безбеден и згрижен. Младата новинарка исто така, се заблагодари за сите пораки за љубов и поддршка што ги доби. Таа додаде дека е важно старецот од видеото да ја има целата љубов и грижа и од државата и од членовите на неговото семејство. Евалимпија додаде дека подоцна дознала дека членовите на неговото семејство го напуштиле и побегнале.

„ Што се однесува до мене, јас само ја завршив својата работа, како и многу други колеги. Само понекогаш се распаѓаме, бидејќи и новинарите се луѓе. Ви благодарам”, напиша таа на својот профил на Фејсбук.

Share
Scroll to Top