(Видео) Два силни земјотреса го погодија јужниот дел на Иран

пред 5 години

Два силни земјотреса ја погодија денеска јужната иранска провинција Хормозган, во близина на пристанишниот град Бандар Абас.

„Два потреса со јачина од 6,3 и 6,4 степени го погодија јужен Иран“, соопшти иранската телевизија, пренесувајќи извештаи од локалните власти.

„Ројтерс“ јавува дека најмалку едно лице загинало.

„Земјотресот беше почувствуван во неколку јужни ирански градови во провинцијата Хормозган“, изјави претставник на локалната власт за државната телевизија, додавајќи дека спасувачки екипи се испратени во погодената област.

Земјотресот бил почувствуван и во северниот и источниот дел на Обединетите Арапски Емирати, соопшти Националниот метеоролошки центар во ОАЕ.

Share
Scroll to Top