(Видео) Драма во филипинскиот Сенат: Војската упадна, одекнаа истрели

(Видео) Драма во филипинскиот Сенат: Војската упадна, одекнаа истрели

пред 7 часа

Во Филипинскиот сенат одекнале истрели, откако во зградата влегле воени сили за време на обид за приведување на сенаторот Роналд дела Роса, кого го бара Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради наводна улога во „војната против дрогата“.

Дела Роса, поранешен шеф на полицијата и близок соработник на поранешниот претседател Родриго Дутерте, се обидува да избегне апсење и веќе неколку дена се крие во зградата на Сенатот. Тој е обвинет за злосторства против човештвото поврзани со кампањата против дрога во која загинале илјадници луѓе.

Според извештаите, војници влегле во објектот со автоматско оружје, по што настанал хаос и биле слушнати истрели. Дела Роса ги повикал своите поддржувачи и „колегите во униформа“ да се спротивстават на неговото евентуално изручување во Хаг, нагласувајќи дека бара мирна поддршка.

Претседателот на Сенатот соопштил дека ситуацијата е хаотична и дека персоналот е заклучен во просториите, повикувајќи на објаснување од безбедносните служби.

Настанот доаѓа во контекст на продлабочен политички конфликт во Филипините, особено по апсењето и изручувањето на поранешниот претседател Дутерте пред МКС.

Текстот (Видео) Драма во филипинскиот Сенат: Војската упадна, одекнаа истрели е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top