Едно лице загина, а осум се тешко повредени при удар на автомобил во група пешаци во Берлин утрово околу 10:30 часот. Од тешко повредените петмина се во животна опасност, соопшти берлинската противпожарна служба.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што беше дополнително соопштено, голем број луѓе се здобиле со полесни повреди кога автомобил „рено клио“ околу 10:30 часот удрил во толпа пешаци на плоштадот Брејтшед во близина на железничката станица Зоо во западниот дел на берлинскиот центар.
#SonDakika Berlin’de bir otomobil kalabalığın arasına daldı… Bir kişi öldü, onlarca kişi yaralandı pic.twitter.com/RyzfWwcHs3
— 24 TV (@yirmidorttv) June 8, 2022
Автомобилот сопрел откако влетал во излог на продавница, а возачот потоа сакал да побегне од местото на настанот. Но, тој бил сопрен од случајни минувачи и предаден на полицијата.
Според „Билд“, уапсениот е 29-годишен Германец со ерменско потекло кој живее во Берлин.
Просторот околу местото на настанот е ограден, а на терен се и голем број тешко вооружени полицајци.
„Засега не знаеме дали се работи за несреќа или напад“, изјави портпаролот на берлинската полиција, Тило Каблиц.