(Видео) Експлозија во електрана во Русија, тројца исчезнати, 18 повредени

(Видео) Експлозија во електрана во Русија, тројца исчезнати, 18 повредени

пред 2 години

Три лица се исчезнати, а 18 се повредени во експлозија во котларата на електраната и топланата Шагонар во оддалечениот регион Тува во Русија, изјави регионалниот лидер Владислав Ховалиг.

Шест лица се во тешка состојба, напиша Ховалиг на апликацијата за пораки Телеграм. Пожарот кој избувна во зградата е локализиран и ставен под контрола.

Не се пријавени смртни случаи, а причината за несреќата допрва ќе се утврдува, рече Ховалиг.

Текстот (Видео) Експлозија во електрана во Русија, тројца исчезнати, 18 повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top