Најмалку тројца патници загинаа во железничка несреќа што утрото се случила на југот на Германија, а голем дел од нив се тешко повредени. Несреќата се случила околу пладне во близина на Гармиш-Партенкирхен, кога регионален воз полн со патници излетал од шините.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Според полицијата, покрај тројцата загинати, повредени се над 60, од кои 16 потешко. Според очевидци, неколку вагони се превртеле и се лизнале по железничкиот насип. Меѓу патниците имало и многу деца. Возот сообраќал на линијата Гармиш-Партенкирхен – Минхен.
На пожарникарите им помогнаа и припадниците на Бундесверот кои се стационирани во овој дел на Германија, поради претстојниот самит на Г7 во блискиот Елмау.
Истовремено, во средата во Германија започна продажбата на месечни билети од девет евра, кои важат за локалните возови ширум земјата, што веќе предизвика невообичаено големи гужви во локалните и градските возови, особено во туристичките атрактивни области.