(Видео) Заложничка криза во Русија – напаѓач со бомба влегол во банка и земал заложници

пред 3 години

Три лица се земени како заложници во банка во сибирскиот град Тумен.

Според податоците, човекот кој упаднал во банката се заканува со импровизирана бомба и бара 15 милиони рубљи (околу 175.000 евра), пишува порталот „Медуза“.

Заложниците се вработени во банката, а околу 50 лица биле евакуирани од зградата на чие приземје се наоѓа деловниот објект.

Специјалните единици се веќе пристигнати на местото на настанот и според руските медиуми, се подготвени за акција.

„Сторителот се заканил дека има опасен предмет во торбата и барал пари“, соопшти полицијата.

Share
Scroll to Top