(Видео) Зеленски: Украина врати повеќе од 4.300 војници од руско заробеништво

(Видео) Зеленски: Украина врати повеќе од 4.300 војници од руско заробеништво

пред 1 година

Украина успеала да врати вкупно 4.306 воени заробеници од руското заробеништво од почетокот на руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинската влада работи со меѓународни партнери и организации за да ги врати своите граѓани дома. Само во 2024 година, 1.358 луѓе беа ослободени од руско заробеништво.

„Кога разговараме со американската страна и другите партнери за тоа како да се стави крај на војната, ослободувањето на затворениците е едно од првите прашања“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека сите надлежни служби продолжуваат неуморно да работат на враќање на Украинците од руско заробеништво.

Текстот (Видео) Зеленски: Украина врати повеќе од 4.300 војници од руско заробеништво е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top