(Видео) Ивица Дачиќ излезе од болница

(Видео) Ивица Дачиќ излезе од болница

пред 4 часа

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, е отпуштен од болница по речиси две недели лекување, објави „Телеграф.рс“.

Во придружба на сопругата и синот, тој ја напушти болницата.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, исто така, се огласи на својот Инстаграм профил во врска со неговото отпуштање од болница.

„Ивица штотуку ја напушта болницата. Благодарен сум им на лекарите што направија чудо и среќен сум за него и неговото семејство кои слават живот и голема победа. Да не се налути некој, тој е социјалист, јас не сум, па му благодарам и на Бога. П.С. Почнувајќи од следната недела ќе мора да ми се придружи во работата, нема повеќе мрзеливост“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Дачиќ беше примен во болница на 25 февруари. Истата вечер беше интубиран и поврзан на машина за дишење, а со помош на респираторна поддршка дишеше до 2 март, кога беше исклучен од респираторот.

фото/Instagram/buducnostsrbijeav

Текстот (Видео) Ивица Дачиќ излезе од болница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top