Граѓанинот на Лондон, 91-годишниот Мартин Кенион во телевизиско интервју изјави дека прво се јавил во болница и одговорил на прашања за тоа дали може да ја прими вакцина, по што му било кажано да дојде во 12:30 часот.
Тој се пожали дека немало место каде да паркира.
„Не можев да најдам паркинг никаде, затоа доцнев. И ништо, влегов внатре и ме ставија уредно на списокот. Потоа отидов на ручек, што не ми се допадна многу, а потоа се вратив и ја примив вакцината. Воопшто не ме болеше, дури и не знаев дека влегла иглата сè додека не кажаа дека е готово“, рече Кенион.
Just wanna hug #MartinKenyon myself and listen to his stories after this interview. I’m very happy for him and his granddaughters. ?? https://t.co/oljz9zXoNx
— Charlie K. Perkins (@PerKerry) December 9, 2020
Тој се надева дека нема да се зарази, од како што рече, проклетиот вирус, додавајќи дека со нетрпение очекува да ги прегрне своето семејство и внуците и дека не му кажал на никој од семејството дека ја примил вакцината.
„Немам намера да се заразам со коронавирус. Па, нема смисла да умирам кога живеев толку долго“, заклучи Кенион.
Тој, со своето интервју ги освои симпатиите на социјалните мрежи.
Quintessentially British. This has to be one of the best interviews of the year. #MartinKenyon ??
“Well, there’s no point in dying now when I’ve lived this long, is there?”
“Well of course I couldn’t find anywhere to damn well park my car, so I was late!” pic.twitter.com/SpALfW6RTp
— M?awia Bin-Sufyan MStJ BCA (@MoawiaBinSufyan) December 9, 2020
Масовната вакцинација во Велика Британија започна вчера, а 90-годишната Маргарет Кинан стана првата личност во светот што ја прими вакцината создадена во соработка на „Фајзер“ и „БиоНТек“, надвор од фазата на испитување.
Првиот маж што ја прими вакцината, пак, беше 81-годишниот Вилијам Шекспир.