Илјадници демонстранти, меѓу кои студенти и уметници, излегоа на улиците на Прага и други чешки градови за да ги поддржат вработените во јавната телевизија и радио, кои штрајкуваат против владиниот план за промена на нивното финансирање, пренесува „Ројтерс“.
Според предлогот, јавните медиуми повеќе не би се финансирале преку месечна претплата од граѓаните и компаниите, туку директно од државниот буџет, при што би добивале 15 отсто помалку средства.
Countdown to 4:36, the symbolic start of a demonstration for the independence of public broadcasters Czech Radio and Czech Television on Wenceslas Square right now. #mediafreedom https://t.co/84btR6oM8X
— Ian Willoughby (@Ian_Willoughby) November 3, 2026
Вработените и демонстрантите предупредуваат дека ваквата промена би ја загрозила независноста и финансиската стабилност на јавните медиуми и бараат владата да се откаже од реформата.
Поради штрајкот, програмата на Чешката телевизија била скратена. На 24-часовниот информативен канал, водителите облечени во црно читале вести од хартија, додека редакцијата била во темнина.
Предлог-законот на владата на Андреј Бабиш минатиот месец го поминал првото гласање во парламентот, а сега следува натамошна расправа.
Опозицијата и критичарите на реформата сметаат дека финансирањето од државниот буџет би ѝ овозможило на владејачката коалиција да врши политичко влијание врз уредувачката политика на јавната телевизија и радио.
Текстот (Видео) Илјадници луѓе протестираат во Чешка против промените во финансирањето на јавните медиуми е превземен од МАКФАКС.



