(Видео) Кубанци преживеале на пуст остров 33 дена, хранејќи се со кокос

пред 4 години

Американската крајбрежна стража спаси тројца кубански државјани на пуст остров на Бахамите каде што живееле 33 дена хранејќи се со кокос.

„Тоа е неверојатно. Не знам како успеале. Бев изненаден од тоа колку се во добра форма”, изјави поручникот Џастин Дагерти за подружницата WPLG на „Си-ен-ен“.

Офицерите на крајбрежната стража на САД за време на рутинска патрола забележале двајца мажи и жена како мавтаат со импровизирани знамиња на островот Ангуила Кеј, дел од ланецот острови меѓу островите Флорида Кис и Куба.

Прво им доставиле радио, храна и вода во понеделникот, а потоа биле спасени од островот во вторникот.

Тројцата Кубанци и кажаа на крајбрежната стража дека нивниот брод се превртел за време на бура пред околу пет недели и дека пливале до пустиот остров.

Двајцата мажи и жената, наводно, немале сериозни повреди, но сепак биле пренесени во медицинскиот центар Лоу Кис за да ги прегледаат лекари.

Share
Scroll to Top