(Видео) Летаат пари од блендирана кола, тепачка за долари на автопатот во Сан Диего

пред 2 години

Вистински хаос настана на фрекфентен автопат во Сан Диего, откако почнаа да летаат пари од блендирано комбе. Луѓето застануваа да ги собираат доларите, па полицијата мораше да интервенира и уапси неколку лица. Тие беа повикани да ги вратат назад парите кои што ги зеле.

На Твитер се појави видео снимка на која се гледа како летаат пари додека луѓето се обидуваат да грабнат што е можно повеќе долари. Остатокот од парите беше расфрлан на автопатот во калифорнискиот округ Дан Сиего.

Откако една врата од возилото се отворила, почнале да се истураат вреќите во кои биле сместени парите. Засега нема прецизни информации чии биле парите, но најверојатно биле дел од голема полициска акција за сузбивање синџир на трговија со дрога.

Share
Scroll to Top