(Видео) Маж го поли Маѓар со чаша вино: „Се напи за да собере храброст“

(Видео) Маж го поли Маѓар со чаша вино: „Се напи за да собере храброст“

пред 2 часа

Унгарскиот политичар Петер Маѓар беше полеан со вино од еден маж за време на посетата на манифестацијата „Денови на берба на грозје“ во Сексард. Инцидентот се случи додека Маѓар чекаше храна на еден од штандовите и разговараше со присутните.

На видеото што Маѓар го објави на Фејсбук, се гледа како постар маж ја истура содржината на чашата кон него од оддалеченост од неколку метри. Потоа, мажот беше одведен од лице облечено во црно, за кое унгарските медиуми велат дека е член на обезбедувањето.

Маѓар: Се напил за да собере храброст
По инцидентот, Маѓар се огласи на Фејсбук и го нарече мажот „неуспешен борец на Орбан“.

„Еден неуспешен борец на Орбан се напил за да собере храброст. На покана на локалните жители, застанавме на ’Деновите на берба на грозје‘ во Сексард“, напиша тој.

Тој додаде дека на мажот очигледно му пречело тоа што луѓето на настанот се забавувале и што тој се фотографирал и разговарал со стотици собрани луѓе. „Немаше доволно храброст да пријде поблиску и можеби да ме погледне во очи“, напиша Маѓар.

„Штета за доброто вино од Сексард“, додаде тој.

Текстот (Видео) Маж го поли Маѓар со чаша вино: „Се напи за да собере храброст“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top