(Видео) Министерoт на Уганда помина покрај Урсула фон дер Лајен без поздрав

пред 3 години

Министерот за надворешни работи на Уганда, генералот Јеје Одонго, денеска пристигна во зградата на Советот на ЕУ и лежерно ја помина претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а потоа се ракува со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и францускиот претседател Емануел Макрон. Сите заедно потоа се фотографираа.

По неколку незгодни секунди, Макрон се обиде да му даде до знаење на Одонго дека ја прескокнал Фон дер Лајен, по што Одонго разменил неколку зборови со претседателката на Комисијата, но сепак не и’ подаде рака.

Странските медиуми пишуваат дека станува збор за сексизам и понижување на најмоќната жена во ЕУ, а се чудат и зошто Мишел не реагирал.

Share
Scroll to Top