(Видео) Нападнат еден од најголемите руски центри за податоци

(Видео) Нападнат еден од најголемите руски центри за податоци

пред 3 часа

Според извештаите, голем центар за податоци на компанијата„Јандекс“ (Yandex) во рускиот регион Рјазањ бил оштетен во напад со беспилотно летало во текот на ноќта, што предизвикало голем пожар во индустриската зона.

Групите „Exilenova+“ и „ASTRA“ ја идентификуваа локацијата како Yandex DC Sasovo во истоимениот град. „Јандекс“ наведува дека ова е нивниот најголем центар за податоци, кој игра клучна улога во поддршката на услугите и облак-инфраструктурата на компанијата.

„Yandex Cloud“ подоцна потврди дека се случил „инцидент“ и дека имало проблеми со напојувањето во зоната на достапност „ru-central1-b“. Според нивните податоци, прекините започнале околу 01:31 часот по полноќ, а ситуацијата не се стабилизирала ниту по 40 минути. Компанијата предупреди дека прекинот може потенцијално да влијае и на други делови од cloud-мрежата.

На корисниците им беше препорачано да префрлат одредени услуги на други локации додека инженерите работеа на враќање на системот во функција. „Јандекс“ јавно не го поврза инцидентот со извештаите за нападот со беспилотно летало. Групата „Exilenova+“ исто така извести за прекини во одредени услуги на „Јандекс“ по нападот. Сепак, јавните сервиси за следење на мрежата не забележаа широко распространети прекини што би влијаеле на главните услуги наменети за потрошувачите.

Текстот (Видео) Нападнат еден од најголемите руски центри за податоци е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top