(Видео) Најмалку девет лица загинаа во пожар во Дом за стари лица во близина на Бостон

(Видео) Најмалку девет лица загинаа во пожар во Дом за стари лица во близина на Бостон

пред 21 час

Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во пожар што избувна во Дом за стари лица во областа на Бостон синоќа, соопштија властите.

Околу 70 лица живееле во Центарот за помош во Фол Ривер, Масачусетс. Пожарот избувнал околу 21:30 часот, изјави портпаролот на противпожарната служба, Џејк Ворк.

Околу 50 пожарникари учествувале во гаснењето, од кои петмина биле полесно повредени. Градот отворил привремено засолниште за жителите на домот.

Многумина се во болница, а едно лице е во критична состојба. Несреќата е под истрага.

Текстот (Видео) Најмалку девет лица загинаа во пожар во Дом за стари лица во близина на Бостон е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top