Најмалку седум лица загинаа во големиот пожар во Институтот за воени истражувања во Твер, на 160 километри од Москва, соопшти спасувачката служба, а пренесуваат руските новински агенции.
Тоа е Централниот истражувачки институт на руските воздухопловни сили. Руската телевизија објави видео од четирикатницата над која се издига густ чад.
$bp(“Brid_50537337”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”997168″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Според изјавите на очевидци, неколку вработени во институтот морале да скокаат низ прозорците од горните катови на зградата за да се спасат од пожарот кој зафатил површина од 1.000 квадратни метри.
„Според последните информации, седум лица загинаа во пожарот“, изјави за РИА Новости портпаролот на спасувачката служба. Прво беше соопштено дека загинале пет лица, а околу дваесет се повредени.
Неколку од повредените се во болница, од кои тројца на интензивна нега, изјави за ТАСС портпаролот на болницата во Твер. Според првите информации, пожарот можеби избувнал поради стари електрични инсталации, јави руската агенција.
Институтот се занимава со одбранбени истражувања и развој на нови системи за противвоздушна одбрана.