На социјалните мрежи е објавено уште едно видео, кое го прикажува доаѓањето на поплавниот бран во Пајпорта, Валенсија.
Бројот на загинати во поплавите во Шпанија денес се искачи на 158 лица.
Огромното мнозинство од овие смртни случаи – 155 луѓе – се регистрирани во Валенсија, соопшти регионалниот координативен центар за итни случаи на Платформата „Икс“.
„Процесот на собирање и идентификација на жртвите продолжува“, велат од центарот.
Премиерот Педро Санчез го посети центарот рано утринава.
Spain floods.
Paiporta. Valencia.
Terrific images… pic.twitter.com/Skj3V2Z3xs
— Tandros (@Tandros_MS) October 30, 2024
Текстот (Видео) Објавена нова снимка на која се гледа како се поплавува Валенсија е превземен од МАКФАКС.