(Видео) Париското обвинителство отвори истрага по падот на спратот за време на забавата во Париз, едно лице потешко повредено

(Видео) Париското обвинителство отвори истрага по падот на спратот за време на забавата во Париз, едно лице потешко повредено

пред 5 часа

Во текот на ноќта во Париз се урна кат од зграда на кој се одржувала забава со присуство на педесетина лица. Во инцидентот се повредени 20 лица, од кои едно потешко, јави „Ле Монд“.

Париското државно обвинителство потврди во неделата наутро за агенцијата Франс-прес (АФП) дека е покрената истрага за причините на несреќата. Според последните информации од противпожарната служба, 14 лица се здобиле со полесни повреди, додека едно лице е потешко повредено и пренесено во болница. Обвинителството соопшти дека е отворена истрага за околностите на повредите и дека увидот е во тек.

Пожарникарите ја примиле пријавата малку по полноќ, откако кат од зградата на улицата „Амело“ во 11. париски арондисман се урнал врз станот под него. Првичните наоди укажуваат дека причината за уривањето е „структурална“, а не е поврзана со истекување гас.

Во интервенцијата учествувале околу 125 пожарникари со четириесетина возила, како и бројни екипи на итна медицинска помош. Улицата во неделата наутро повторно била отворена за сообраќај.

Текстот (Видео) Париското обвинителство отвори истрага по падот на спратот за време на забавата во Париз, едно лице потешко повредено е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top