(Видео) Пожар на аеродромот во Кувајт

пред 2 години

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна на новиот терминал во изградба на меѓународниот аеродром во Кувајт, соопштија властите.

Портпаролот на кувајтското Министерство за внатрешни работи изјави за Асошиејтед прес дека се уште не е позната причината за пожарот и дека засега не е познато дали има повредени лица.

На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои се гледа како темен чад извира зад авионот на пистата, пренесува АП.

Како што се наведува, денеска се одложени некои летови, иако надлежните од цивилната авијација тврдат дека тоа не е поради пожарот.

Share
Scroll to Top