(Видео) Поплави во Албанија

пред 4 години

Обилните дождови предизвикаа поплави во Албанија, каде најтешка е состојбата во општина Скадар, каде беа поплавени 1.823 хектари земја.

Поплавен е и голем дел од земјоделските површини, а некои патишта се непроодни за ниски возила, пренесува порталот „Егзит“.

Поради обилните дождови, наставата беше прекината во две училишта во Елбасан, бидејќи покривот падна на едното, а другото е крај реката, чие ниво се зголеми.

Нивото на другите реки исто така се зголеми, а некои општини останаа без електрична енергија.

Во моментов албанската војска ги снабдува со храна домаќинствата во северозападниот дел од земјата, кои се изолирани поради поплавите.

Најмалку 36 семејства се евакуирани.

Властите стравуваат дека поројните дождови би можеле да создадат поголеми проблеми.

Share
Scroll to Top