(Видео) По насилните протести во Киргистан, опозиционер избран за премиер

пред 4 месеци

Парламентот во Киргистан ја избра опозиционерката Садира Жапарова за нов премиер на оваа земја, по насилните демонстрации што избија денеска откако изборната комисија ги соопшти прелиминарните резултати од изборите одржани во неделата.

Демонстрантите набрзо се собраа по што настана хаос. Тие со камион ја искршија капијата зад која се наоѓаат претседателството и парламентот, здание наречено „Белата куќа“. Како што се наведува, тие ја презеле власта од претседателот Соронбај Женбеков.

За време на протестите бил предизвикан и пожар во зградата на претседателството, кој набрзо е изгаснат.

Полицијата употреби гумени куршуми, солзавец и водени топови, но граѓаните на Бишкек беа посилни и упаднаа во зградата.

Во судирите, едно лице загинало, а повредени се околу 600 луѓе, од кои 150 се хоспитализирани. Повредени се и 190 припадници на силите на редот.

Според информациите од тамошните медиуми, кога демонстрантите упаднале внатре таму не нашле ниту еден функционер, бидејќи претходно конвој возила бил забележан како ја напушта зградата.
Тие потоа ги ослободиле поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев и поранешниот премиер Сапар Исаков, кои ја предводеа владата во 2017 и 2018 година.

Опозициските групи зазедоа уште неколку згради, меѓу кои и зедиштето на градоначалникот на Бишкек и именуваа вршител на должноста шеф на националната безбедност, државен обвинител и командант на главниот град.

Како што пренесуваат локалните медиуми, гувернери на неколку провинции поднеле оставки.

Share

Back Arrow (https://animeplanet.cc/m/EeYk) Episode 2 at website https://animeplanet.cc. See more isekai anime anime planet

Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 4 (https://animefreak.ws/m/vWZm/ep-4) at AnimeFreak anime freak one piece

Scroll to Top