(Видео) Русите извршија ракетен напад врз украински град: едно лице загина, 45 повредени

(Видео) Русите извршија ракетен напад врз украински град: едно лице загина, 45 повредени

пред 1 година

Вооружените сили на Русија синоќа извршија ракетен напад врз украинскиот град Запорожје, изјави Иван Федоров, шеф на регионалната администрација. Според него, во градот се случиле четири експлозии, а во нападот биле погодени и станбени згради, пренесува „Медуза“.

Во рускиот напад загина 47-годишен маж, а повредени се 45 лица, меѓу кои и едно двомесечно бебе, според УНН. Меѓу повредените има и четворица вработени во Државната служба за итни случаи на Украина.

Шефот на регионалната администрација објави фотографии и видеа на кои се гледаат последиците од ракетниот напад. Во описот на видеото Федоров напиша: „Вака изгледа куќа погодена од руски проектил“.

Текстот (Видео) Русите извршија ракетен напад врз украински град: едно лице загина, 45 повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top