(Видео) Русиja нападна трговски центар во Украина со беспилотни летала, најмалку шест жртви

(Видео) Русиja нападна трговски центар во Украина со беспилотни летала, најмалку шест жртви

пред 2 часа

Најмалку шест лица се убиени, а околу 90 се повредени во напад со руски беспилотни летала врз трговски центар во Кривји Рог, град во централна Украина. Локалните власти потврдија дека меѓу ранетите во нападот врз родниот град на претседателот Володимир Зеленски има шест деца, пишува Ројтерс.

Регионалниот гувернер Олександр Ханжа објави на апликацијата Телеграм дека 21 лице е во сериозна состојба, вклучувајќи и едно дете. Со објавата, тој прикачи фотографија на која се гледа густ црн чад над погодената зграда.

Претседателот Зеленски го оцени нападот како „целосно циничен и неуспешен“. Тој тврдеше дека втор руски дрон ја погодил истата локација половина час по првиот удар, со намера да ги нападне екипите за итни случаи што пристигнуваат на терен.

„Ваквите напади не се ништо друго освен акти на тероризам“, рече Зеленски на Телеграм и ја повика меѓународната заедница да ја смета Русија за одговорна.

Текстот (Видео) Русиja нападна трговски центар во Украина со беспилотни летала, најмалку шест жртви е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top