(Видео) „Светот го нема видено ова“ – најмасовен протест во историјата на Србија

(Видео) „Светот го нема видено ова“ – најмасовен протест во историјата на Србија

пред 1 година

Во Белград се одржува голем протест организиран од студентите.

Пред српското Собрание во моментов има огромен број луѓе, а други пристигнуваат од сите страни.

Студентите најавија дека главната бина ќе биде на плоштадот Славија, кој е на 15 минути пешачење од Собранието на Србија.

На таа сцена ќе се одржат главната програма и говорите.

Говорите ќе бидат емитувани и на аудио бина пред Народното собрание.

На социјалните мрежи се објавени голем број видеа и фотографии од протестот.

Текстот (Видео) „Светот го нема видено ова“ – најмасовен протест во историјата на Србија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top