(Видео) Се запали моторот на патнички авион, кој требаше да лета за Њујорк

(Видео) Се запали моторот на патнички авион, кој требаше да лета за Њујорк

пред 3 дена

Летот „1382“ на „Јунајтед ерлајнс“ не полета од пистата на интерконтиненталниот аеродром „Џорџ Буш“ во Хјустон бидејќи избувна пожар во моторот на авионот непосредно пред полетувањето, објави „Њујорк пост“.

Авионот го прекина полетувањето поради пријавен проблем со моторот, се вели во соопштението на американската Федерална управа за авијација (ФАА).

Екипажот и 104 патници мораа да се спуштат преку помошна лизгалка и бргу да стигнат до пистата, каде што ги пречекаа автобуси и ги вратија во зградата на аеродромот, додаде ФАА.

На патничките видеа што може да се видат на социјалните мрежи повеќе од 100 патници се вознемириле кога го виделе пожарот непосредно пред полетувањето.

Се работи за авион „ербас А320“, кој требаше да лета за Њујорк, според медиумот.

Текстот (Видео) Се запали моторот на патнички авион, кој требаше да лета за Њујорк е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top