Пешачки мост се урна во североисточен Вашингтон. Според американските медиуми, најмалку шест лица биле повредени, додека еден камион останал заробен под урнатините.
Дополнителна опасност во несреќата е што од заробениот камион почнало да протекува гориво кое може да биде лесно запаливо, велат официјалните лица.
Властите се на терен, а четири лица со повреди се префрлени во болниците пишуваат медиумите.