(Видео) Силен земјотрес го потресе јужен Перу

(Видео) Силен земјотрес го потресе јужен Перу

пред 2 часа

Силен земјотрес со магнитуда од 6,7 степени ги погоди јужните Анди во Перу денеска, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Нема непосредни извештаи за штети, пишува АП.

Земјотресот се случил околу 13 часот по локално време, со епицентар 38 километри северозападно од градот Упахуача, во покраината Паринакочас во регионот Ајакучо. Земјотресот бил на длабочина од 66,7 километри.

Земјотресот бил почувствуван во неколку региони
Земјотресот бил почувствуван во неколку региони во јужен Перу, вклучувајќи ги Ика и Арекипа. Земјотресите се честа појава во Перу, кој се наоѓа на пацифичкиот огнен прстен, област со интензивна сеизмичка активност.

Речиси 600 луѓе загинаа во земјотрес во 2007 година
Еден од најсмртоносните земјотреси во поновата историја на Перу се случи во 2007 година. Земјотрес со магнитуда од 7,9 степени ја погоди покраината во регионот Ика, при што загинаа речиси 600 луѓе.

Текстот (Видео) Силен земјотрес го потресе јужен Перу е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top