Силен тајфун денеска го погоди југоисточниот дел на Филипините и се почувствувал низ повеќе провинции, а речиси 100.000 луѓе се евакуирани од ризичните области кои би можеле да бидат опустошени од поројни поплави, лизгање на земјиштето и високи бранови, соопштија локалните власти.
Синоптичарите тврдат дека тајфунот Раи, со брзина на ветрот од 185 километри на час и налети до 230 километри на час, дувал од правец на Тихиот Океан кон филипинскиот остров Сијаргао.
$bp(“Brid_39640133”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”924353″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Некои делови на Филипините уште од почетокот на неделата беа зафатени од силен дожд.
Се очекува Раи да помине и низ централните и јужните региони на Филипините.
Во регионот Суригао спортските сали се претворени во центри за евакуација.






