(Видео) Си Џинпинг се обрати до нацијата: Кина испиша историја во борбата против коронавирусот

пред 4 години

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, ја пофали како што рече, тешко извојуваната победа, над коронавирусот, но и начинот на кој земјата се опоравила економски и ја искоренила сиромаштијата во вонредната 2020 година.

За време на новогодишното обраќање на националната телевизија, Си Џинпинг посака да се постигнат уште подобри резултати следната година,

„Кина ја напиша историјата во борбата против Ковид-19, бидејќи државата ги стави луѓето и животите на прво место и се бореше против епидемијата обединета, без резерви“, рече Си.

Бројни медицински работници, научници, вработени во јавните служби, градежници и волонтери изградија железен ѕид за да спасат животи, додаде кинескиот претседател.

„Големината се крие во обичните работи, а вистинските херои доаѓаат од луѓето. Секоја личност беше исклучителна”, рече меѓу другото Си.

Share
Scroll to Top