(Видео) Спасувачите стигнаа до детето кое падна во бунар во Мароко, експертите не знаат дали е живо момчето

пред 5 години

Спасувачките екипи кои со раце ги копаа последните три метри за да не се случи одрон во бунарот каде во вторникот падна петгодишното момче, стигнаа до него но според последните извештаи на експертите тоа не дава знаци на живот, пишуваат медиумите во светот.

Засега, според последните информации, не се знае во каква состојба е момчето на пат кон Ургентниот центар.

Експертите предупредуваат дека е невозможно да се потврди дали момчето е живо, откако помина четири дена заглавено во бунарот.

Петгодишниот Рајан од Мароко во вторникот паднал во бунар длабок 32 метри, а спасувачите со денови копале дупка паралелна со бунарот за да го спасат.

Share
Scroll to Top