На интернет се прошири видео на кое талибанците ги навредуваат локалните уметници и ги палат нивните музички инструменти, јавуваат светските агенции.
Се верува дека настанот е снимен во округот Зазаи Арјуб во провинцијата Пактика во источен Авганистан, област претежно населена со Паштуни.
Video : Taliban burn musician’s musical instrument as local musicians weeps. This incident happened in #ZazaiArub District #Paktia Province #Afghanistan . pic.twitter.com/zzCp0POeKl
— Abdulhaq Omeri (@AbdulhaqOmeri) January 15, 2022
На снимката, како што пренесуваат агенциите, се гледаат музичари претепани од талибанците. Тие им ја кинеле облеката и ги навредувале, а случајните минувачи им се смееле и го снимале инцидентот.
За казна им ја потстрижувале и косата.
„Талибанските војници низ целата земја ја земаат правдата во свои раце“, напиша новинарот Билал Сарвари на Твитер, а неговиот запис е пренесен од светските медиуми.