(Видео) Торнадо погоди пет американски сојузни држави, урна далноводи и дрвја

(Видео) Торнадо погоди пет американски сојузни држави, урна далноводи и дрвја

пред 1 година

Американската национална метеоролошка служба објави дека во последните 24 часа торнадо ги погоди сојузните држави Џорџија, Илиноис, Тенеси, Охајо и Кентаки, пишува  Њујорк Тајмс.

Претходно, еден смртен случај беше регистриран во Оклахома поради невремето.

Синоптичарите предвидоа неколку торнада, ветрови со бура кои би можеле да достигнат ниво на ураган.

Торнадо урна повеќе дрвја и далноводи во Конјерс, Џорџија.

Околу 255.000 корисници останаа без струја вчера доцна навечер, а повеќето од тие прекини беа во Западна Вирџинија, каде што повеќе од 113.000 корисници беа без струја.

Текстот (Видео) Торнадо погоди пет американски сојузни држави, урна далноводи и дрвја е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top