(Видео) Трамвај излета од шините во Берлин, се преполови: има повредени

(Видео) Трамвај излета од шините во Берлин, се преполови: има повредени

пред 4 часа

Најмалку 20 лица се повредени, од кои тројца потешко, во несреќа во Берлин, кога трамвај излетал од шините на кривина во источниот дел од градот.

Сите повредени се хоспитализирани, објавува „Шпигел“.

Според пожарникарите, дел од трамвај во округот Лихтенберг веројатно удрил во столб од надземен далновод додека влегувал во кривина, преполувајќи го трамвајот на половина и исфрлајќи го задниот дел од трамвајот од шините.

Трамвајските линии во тој дел од градот се прекинати.

Текстот (Видео) Трамвај излета од шините во Берлин, се преполови: има повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top