(Видео) Трамп со жестока закана до Иран: „Ако го затворите Ормутскиот теснец, нема да имате држава“

(Видео) Трамп со жестока закана до Иран: „Ако го затворите Ормутскиот теснец, нема да имате држава“

пред 4 часа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати остро и експлицитно предупредување до Техеран да не се обидува да го затвори стратешкиот Ормуски теснец, пренесува „Фокс њуз“.

„Затворете го и повеќе нема да имате држава. Нема ни да можете да се вратите во вашата земја“, изјави Трамп во коментар упатен до иранските официјални лица.

Американскиот претседател додаде дека САД би можеле да станат „ангел чувар“ на теснецот и за возврат да преземат 20% од нафтата што минува оттаму.

„Можеби ќе го преземеме теснецот ако мораме. Ќе ги разнесам“, додаде Трамп за „Фокс њуз“, нагласувајќи дека доколку не се постигне договор, Вашингтон ќе започне да наплаќа „патарина“ за премин низ овој клучен воден пат.

Заврши првата рунда преговори во Швајцарија

Овие жестоки пораки доаѓаат во пресрет на завршувањето на првата рунда преговори меѓу САД и Иран, која денеска се одржа во планинското одморалиште Бургеншток во Швајцарија. Оваа средба претставува продолжување на имплементацијата на меморандумот за разбирање кој двете земји го потпишаа претходно неделава.

Според иранските државни медиуми, за време на денешните разговори воопшто не станало збор за иранската нуклеарна програма.

На дипломатската средба во Швајцарија, покрај претставниците на Вашингтон и Техеран, учествуваа и делегации од Катар и Пакистан.

– Иранската делегација ја предводеа претседателот на парламентот, Мохамед Багер Калибаф, и министерот за надворешни работи, Абас Арагчи.

– Американската делегација беше предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс, а во нејзиниот состав беа и специјалниот пратеник Стив Виткоф, како и Џаред Кушнер, зет на претседателот Трамп.

Текстот (Видео) Трамп со жестока закана до Иран: „Ако го затворите Ормутскиот теснец, нема да имате држава“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top